НБА 2019/20

НБА се враќа со дербито Лејкерс - Клиперс

Натпреварите во Националната кошаркарска асоцијација (НБА) ќе бидат продолжени со судир меѓу двете најсилни екипи во Западната конференција од почетокот на регуларната сезона, објави вчера Лигата. Дербито во Лос Анџелес помеѓу ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс ќе биде вториот натпревар од програмата за денот на 30 јули, кога ќе се продолжи со најпопуларното првенство во кошарка во светот. Пред тоа, екипите на Јута Џез и Њу Орлеанс Пеликанс ќе се сретнат во првиот натпревар од рестартирањето на сезоната.

Остатокот од регуларната сезона и сите натпревари во плеј-офот ќе се играат во три сали во Орландо, Флорида, а новиот шампион во НБА лигата мора да се утврди најдоцна до 13 октомври. Вкупно 22 екипи ќе земат учество во обновувањето на сезоната – првите осум во двете конференции, плус шесте екипи кои не заостануваат повеќе од шест натпревари зад последната позиција, со што се дава право да учествуваат во плеј-офот (8). Така, преостанатите 259 натпревари од регуларната сезона ќе бидат намалени на 88, по што ќе се преселат во фазата на плеј-оф, која ќе се одржи во полн формат. Редовните сезонски натпревари ќе завршат на 14 август, а наредните два дена се резервирани за плеј-оф меѓу екипите на осмото и деветтото место на двете конференции, доколку разликата меѓу нив е помала од четири натпревари. Плеј-офот започнува на 17 август.

Скратениот формат на остатокот од регуларната сезона значи дека веќе шест екипи на Истокот (Милвоки, Торонто, Бостон, Мајами, Идијана, Филаделфија) и исто толку на Запад (Лејкерс, Клиперс, Јута, Денвер, Оклахома, Хјустон) обезбедија места во плеј-офот. Ова значи дека три екипи (Бруклин, Орландо, Вашингтон) ќе се натпреваруваат за две места во Источната конференција, а уште седум екипи (Далас, Мемфис, Портланд, Њу Орлеанс, Сакраменто, Сан Антонио, Феникс) ќе се натпреваруваат за двете места на Западот.

Тагови
реклама

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе