Не е исто кај мажите и жените: Што се случува во нашиот мозок во текот на оргазам?

Дали знаете што се случува во мозокот на мажите и на жените во текот на оргазам?

Истражувачите со помош на уред на мерење на проток на крвта и активноста на невроните открија неверојатни работи за тоа што се случува во мозокот за време на секс.

Ова се петте најинтересни факти:

1. Се ослободува допамин

Во текот на оргазмот, мозокот работи прекувремено за да произведе различни хормони и хемикалии. Еден од нив е допамин, хормон одговорен за чувство на задоволство, желба и мотивација. Кај мажите овој хормон во текот на сексот се излачува почесто отколку кај жените.

Кога мажите доживуваат оргазам во телото во големи количини се ослободува допамин. Уживањето е толку силно што мажите сакаат уште секс и затоа можат да станат зависни од секс.

2. Се ослободуваат хормоните окситоцин и пролактин

Втор хормон што мозокот го создава е окситоцин. Овој хормон е заслужен за тоа да чувствуваме блискост со другите, а поттикнува приврзаност и наклонетост.

Женското тело го произведува овој хормон во многу поголеми количини отколку машкото тело. И токму поради окситоцинот, жените полесно се вљубуваат по секс. Проблемот е во тоа ѓто телото не може да разликува дали водиме љубов со некој со кој имаме или не сме во врска, окситоцин се ослободува и во двата случаи.

3. Мозокот во текот на секс е стимулиран слично како кај консумирање дрога

Интересно е што мозокот го доживува сексот како нешто пријатно и го активира делот задолжен за наградување. Тоа се истите придвижувачи кои се активираат како одговор на употреба на дрога, пиење алкохол, коцкање, слушање на омилената музика или во текот на уживање на омилената храна.

4. Логичкиот дел на мозокот се исклучува

Постои причина зошто луѓето се чувствуваат похрабри и без грижи во текот на сексот, дел од мозокот задолжен за логичко размислување привремено се исклучува.

„Бочниот орбитофронтален кортекс станува помалку активен во текот на сексот. Тој дел од мозокот е одговорен за разумот, донесувањето одлуки и морални судови. Деактивацијата на овој дел од мозокот е поврзана и со помало чувство на страв и нервоза“, вели клиничкиот психолог Даниел Шер за Business Insider.

5. Женскиот мозок произведува окситоцин и по оргазмот

Мозокот кај мажите и жените ослободува окситоцин во текот на сексот, кој делумно е одговорен за создавање чувство на блискот. Но, женскиот мозок се однесува поинаку по оргазмот. Кај жените окситоцин продолжува да се ослободува и по оргазмот, што може да ја објасни мотивацијата за галење по сексот.

Кога оргазмот ќе заврши, мозокот има желба да се опушти и забави со работа, телото се смирува. Мозокот произведува серотонин, хормон одговорен за добро расположение и опуштање. Кај некои луѓе овој хормон може да доведе до желба за спиење. Тоа е причината зошто мажите по сексот сакат да спијат.

На крајот, не заборавајте дека оргазмот е добар и за здравјето на мозокот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе