Новинарка во САД со елегантен потег спречи постар маж да влезе во кадар додека известуваше во живо за несреќа и со тоа стана хит.
Снимката од новинарката за брзо време стана хит на социјалните мрежи. Додека новинарката Дарла Мајлс од ABC 7 известуваше за несреќа во Њу Џерси постар маж се обиде да влезе во кадарот, но таа не му дозволи. Нејзината реакција беше брза и елегантна, со раката го спречи да влезе во кадар без воопшто да погледне во негов правец.
Ниту за секунда не застана со пренесување на извештајот, токму затоа многумина се восхитуваат на нејзината професионалност.
„Обидете се да бидете добри во сè што правите као Дарла Мајлс“, коментира еден корисник на Twitter.
Дури и самата новинарка се пошегуваа за нејзините брзи рефлекси.