Поранешната ѕвезда на Disney, Оливија Родриго, се наоѓа на првото место на Billboard листата „Hot 100“, откако нејзиниот деби сингл „Driver’s License“ се трансформираше во срцепарателна химна на TikTok.
17-годишната Родриго инспирираше безброј видеозаписи во апликацијата, додека корисниците пееја, пародираа и креираа сопствени верзии на песната.
По објавувањето на 8 јануари, песната има над 76,1 милион стримувања, над 38.000 преземања, пренесе Billboard.
Од Spotify велат дека три дена по објавувањето „Driver’s License“ има најмногу стримувања во еден ден за песна која не е од празничен карактер.
Едноставно, песната руши рекорди.