Нема повредени лица и поголема материјална штета во пожарот во Цементарница УСЈЕ

Нема повредени лица и материјална штета од поголеми размери во денешниот пожар во Цементарница УСЈЕ, информираа попладнево од компанијата.

Оттаму посочуваат дека пожарот најверојатно е предизвикан од дефект на електрична инсталација и дека е целосно ставен под контрола и изгаснат.

– Денес, околу 11:30 часот, во Цементарница УСЈЕ АД Скопје се случи пожар, кој најверојатно е предизвикан од дефект на електричната инсталација, по што веднаш беше известена противпожарната служба. Вработените во УЈСЕ реагираа веднаш по настанувањето на пожарот, со што беше спречено негово понатамошно ширење. По пристигнувањето на противпожарната служба и нивната брза интервенција, заедно со вработените од компанијата, пожарот целосно беше ставен под контрола и изгаснат, а нема повредени лица и штети од поголем вид, се наведува во соопштението од компанијата.

Од УСЈЕ велат дека увидот ќе продолжи за да се утврдат причините.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје интервенираше со девет пожарникари и две возила. 

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Хроника

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Read more

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Read more

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе