Нема референдуми за мигранти во општините на денот на изборите

Државниот инспекторат за локална самоуправа донесе одлука да ги запре решенијата за организирање референдуми во општините за мигрантите на 15 октомври, денот за кога се закажани и локалните избори.

Причина, како што појаснија од Инспекторатот, е член 22 од Законот за локалната самоуправа, според кој, никаде не е наведено дека општините имаат надлежност за мигрантите и за нивното населување во локалната самоуправа. Решенијата се стопирани до произнесување на Уставниот суд, пред кој ќе биде доставена иницијатива за оценување на законитоста.

Како што информира државниот инспектор за локална самоуправа, Рахим Муслиу, решение досега е донесено за 12 општини кои доставиле до Инспекторатот извештај од јавното општинско гласило во кој е објавен референдум, а се очекува да бидат доставени уште две од општините Карпош и Ѓорче Петров.

„На 20 септември Инспекторатот изврши вонреден инспекциски надзор во општините Кочани и Штип, а на 21 септември во Гевгелија, Кавадарци, Неготино и во Велес. Уште шест општини донеле одлука за референдум на локално ниво и го известиле Инспекторатот за објавување. Тоа се Битола, Прилеп, Радовиш, Аеродром, Гази Баба и Охрид, а се очекува вакви известувања да достават и општините Карпош и Ѓорче Петров“, рече Муслиу.

Одлуката ќе биде доставена до Министерството за локална самоуправа, државниот секретар за локална самоуправа и до градоначалниците и советите на 12 засегнати општини, а градоначалниците ќе имаат обврска да ги известат и општинските изборни комисии. Одлуката ќе биде објавена во „Службен весник“, а во наредните три дена и на веб-страницата на Министерството за локална самоуправа.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе