Необично пријателство кое трае 30 години
Јапонскиот нуркач Хиројуки Аракава веќе 60 години нурка, а од пред 30 години имал необична средба која се претворила во долготрајно пријателство.
„Мислам дека поминаа 30 години откако првпат наидов на Јорик. Не можеме да разговараме, но се разбираме. Јас сум единствениот човек кој може да го бакне“, вели Аракава.
Тој објаснува дека кога првпат ја здогледал оваа необична риба, таа била во лоша состојба. Десет дена носел храна за неа, се грижел и ја спасил. Оттогаш постои и нивното необично пријателство.