Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во главниот град слично време со минимална температуда од 17 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне 30.
Најтопло ќе биде во Гевгелија каде живата на термометарот ќе се искачи до 35-тиот степен.
Слично време се очекува и утре, додека од среда затоплување.