Невидена доминација на Интер над Милан во 2023 година

Филип Здравески
/ 21.09.2023 / 12:15

Никогаш не се случило еден клуб да оствари 5 победи во една година над лутиот градски ривал, а токму тоа годинава го направи Интер.

Франческо Ачерби и Оливје Жиру на последното дерби

Оваа календарска година Интер и Милан се пресметаа рекордни 5 пати - најмногу во една година во долгата историја на ова дерби. Двапати играа во Серија А, двапати во Лигата на шампионите и еднаш во италијанскиот Суперкуп. И секој пат победуваше Интер. Таква доминација никогаш не се случила во ова популарно Дерби дела Мадонина, кое датира уште од нивната прва пресметка во 1909 година.

Најмногу натпревари во една година

Судбината сакаше двата ривала да се сретнат дуруи пет пати во оваа 2023 година, нешто што претходно во историјата никогаш не се случило. Така, во 12 месеци стадионот „Џузепе Меаца“ беше домаќин на пет дербија, или поточно во 9 месеци со оглед на тоа што првото се одигра во јануари, а последното сега во септември.

Тоа е благодарение на тоа што двата клуба се сретнаа и во Лигата на шампионите, во полуфиналето. Со тоа се повторија годините 2003 и 2005 кога исто така играа еден против друг во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. Но, за оваа година да има 5 дербија се погрижи италијанскиот Суперкуп, кој всушност ја отвори дерби годината во јануари.

Беспрекорна доминација на Инѕаги над Пиоли

Не само што Интер и Милан меѓу себе играа петпати годинава, туку на сите натпревари ги водеа исти тренери. Тоа значи дека едниот стана кошмар за другиот.

Предводејќи го Интер, Симоне Инѕаги петпати по ред го надмудри Стефано Пиоли, нешто што тешко дека во блиска иднина ќе биде достигнато од некој друг.

И не само победите, туку тактиката на Инѕаги резултираше со 12 постигнати голови во мрежата на избраниците на Пиоли, кои пак на Интер му дадоа само 1 гол во петте натпревари, и тоа на последниот дуел.

Низата сепак ја држи Милан

Петте победи по ред на Интер сепак не се најдолга победничка серија во Дербито дела Мадонина. Тука рекордот го држи Милан кој во два наврата успевал дури 6 пати по ред да го победува Интер, иако станува збор за навистина дамнешни натпревари и остварени во периоди од по три години.

Прва низа победи од по 6 (Милан):

1911-1913

Интер - Милан 0:2 (Прима категориа)
Милан - Интер 6:3 (Прима категориа)
Милан - Интер 2:1 (Прима категориа)
Интер - Милан 0:3 (Прима категориа)
Интер - Милан 1:2 (Прима категориа)
Милан - Интер 1:0 (Прима категориа)

Втора низа победи од по 6 (Милан):

1946-1948

Милан - Интер 3:2 (Дивизионе национале)
Интер - Милан 0:1 (Дивизионе национале)
Милан - Интер 3:1 (Серија А)
Интер - Милан 1:2 (Серија А)
Милан - Интер 3:2 (Серија А)
Интер - Милан 0:2 (Серија А)

Со оглед на тоа што Интер е во активна серија, доколку победи на следното дерби и тој ќе оствари 6 победи во низа. Наредното миланско градско дерби се игра во април наредната година.

Низата од 5 победи на Интер:

2023-

Милан - Интер 0:3 (Суперкуп)
Интер - Милан 1:0 (Серија А)
Милан - Интер 0:2 (Лига на шампиони)
Интер - Милан 1:0 (Лига на шампиони)
Интер - Милан 5:1 (Серија А)
Милан - Интер ??? 21 април 2024 (Серија А)

2024 година може да донесе дури 6 дербија

Интересно е што доколку и двата тима ги поминат противниците во осминафиналето и четвртфиналето од Копа Италија, следниот април ќе играат уште две дербија - во полуфиналето. Така да, ако сѐ оди по планот, наместо на 21 април наредното миланско дерби може да биде на 3 или 4 април, а потоа и уште едно на 24 и 25 истиот месец.

И двата тима и оваа година се дел од Лигата на шампионите, па доколку ја поминат групната фаза, а потоа и осминафинлето, постои можност повторно во Европа да се игра Дербито дела Мадонина. Со таков расплет на настаните потенцијкалните дерби натпревари само во пролетниот дел би биле пет.

Милан сезоннава нне учествуива во италиајнскиот Суперкуп, па дерби таму нема да има.

Затоа, пак, наредната есен кога ќе почне сезоната 2024/2025 ќе следува ново дерби, што значи дека доколку сите коцки се поклопат 2024 година може да донесе дури 6 милански дерби натпревари и да го сруши рекордот од оваа 2023 година. Но, тоа се само комбинации на можности, останува да видиме што ќе се случи.

реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

10 добри навики на паровите кои остануваат заедно засекогаш

Read more

Фудбал

Заврши есенскиот дел во 1.МФЛ, мешаница на врвот и на дното

Read more

Македонија ЃП бара оставки во Судиската организација

Read more

Ајнтрахт го декласира Баерн – пукна петарда во мрежата на Нојер

Read more

Што се случува во Евертон?

Read more
 

Спорт

Заврши есенскиот дел во 1.МФЛ, мешаница на врвот и на дното

Читај повеќе

Потпишан најголемиот договор во историјата на американскиот спорт

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс го освоија НБА купот – МВП трофејот за Леброн Џејмс

Читај повеќе
  • play_arrow

Македонија ЃП бара оставки во Судиската организација

Читај повеќе
  • play_arrow

Ајнтрахт го декласира Баерн – пукна петарда во мрежата на Нојер

Читај повеќе
  • play_arrow

Што се случува во Евертон?

Читај повеќе

Анчелоти: Не ми требаат пари, не би заминал во Саудиска Арабија за 500 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Fun with Flags со Фримпонг од Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се менува рамнотежата на моќ во светскиот фудбал?

Читај повеќе