Американскиот пејач Ник Картер е обвинет за силување на малолетничка во 2001 година.

На прес-конференција, Шенон „Шеј“ Рут низ солзи откри дека била сексуално нападната од член на Бекстрит Бојс кога имала само 17 години.
„Последните 21 година беа исполнети со болка, збунетост, фрустрација, срам и самоповредување како директен резултат на силувањето на Ник Картер“, тврди Шеј.
„Иако сум аутистична и живеам со церебрална парализа, верувам дека ништо немало поголемо влијание или потрајно влијание врз мојот живот од она што ми го направи и ми го кажа Ник Картер“, изјави таа во нејзиниот говор.
Вели дека Картер ѝ се заканувал, поради што се двоумела дали да проговори бидејќи верувала дека може да „оди во затвор“ ако некому каже што наводно се случило. Соопшти дека Ник ѝ дал да пие алкохол и сексуално ја нападнал додека бил на турнеја. Ја принудил на орален секс, додека таа плачела, пренесе Rolling Stone.
Сепак, таа тврди дека нејзината мотивација сега е да го „запре“ Ник Картер да „напаѓа други тинејџерки и жени“ и „ бара одговорност“.
„Само затоа што Ник Картер е славна личност не значи дека е аболициран од неговите злосторства“, рече таа.
Ник Картер ги негираше обвинувањара и тврдењата на Шенон Рут, неговиот адвокат изјави дека станува збор за манипулации.