Nike им порача на спортистките: Сонувајте полудо
Во своевиден спиноф на популарната реклама со наслов „Dream Crazy“, Nike ги охрабри спортистките да сонуваат уште полудо, и тоа преку гласот на Серена Вилијамс. Со оваа кампања Nike се обидува да ги поттикне спортистките, па и целата женска публика, да се борат за своите права за еднаква шанса, како на теренот, така и во животот.
„Ако покажеме емоции тогаш сме драматични. Ако сакаме да се натпреваруваме против мажи, тогаш сме луди, а ако сонуваме за еднакви права тогаш се залажуваме“, вели нараторката Серена Вилијамс во рекламата.