Ништо од опасниот астероид, покрај Земјата ќе мине многу помал

Астероидите сè уште привлекуваат внимание, без разлика на нивната големина и оддалеченост од Земјата. Така, еден од нив ќе мине денес покрај нашата планета.

Изминатиот викенд се појавија извештаи според кои НАСА проценила дека голем астероид наречен 2009 JF1 „веројатно“ ќе ја погоди нашата планета на 6 мај, но за среќа тоа нема да се случи. Научниците направија детална анализа и потврдија дека од тој судир нема ништо, односно дека астероидот ќе мине покрај Земјата.

Споменатиот астероид 2009 JF1 беше на „ризичната листа“ на Европската вселенска агенција бидејќи постоеше шанса 1:4.000 да се судри со Земјата во текот на приближувањето овој месец. Сепак, астероидот е отстранет од групата топ 10 „ризични“ уште во февруари годинава.

Дел од причината за повторната процена е што научниците го изгубија од вид споменатиот астероид кратко по откривањето во 2009 година, што значи дека не можеа да соберат доволно податоци за неговата патека на движење, иако им беше јасно дека ќе биде близу Земјата.

Новите опсервации им овозможија на астрономите повторно да го проценат ризикот.

ЕСА во февруари соопшти дека астероидот 2019 JF1 е спуштен пониско на листата заедно со другите „рутински“ објекти кои претставуваат минимална закана. Новите податоци покажуваат дека сега има 1:1.700.000 шанси астероидот да ја погоди Земјата. Но, тоа не е сè. Големината на астероидот повторно е проценета и откриено е дека станува збор за астероид со големина на училиштен автомобил. Дури и да ја погоди Земјата, таквиот астероид не би претставувал голема грижа.

Иако нема причина за загриженост, оваа „лажна тревога“ сепак го сврти вниманието кон фактот дека светот се уште нема технологија за промена на патувањата на големите астероиди кои би претставувале закана за Земјата. Со сегашната технологија, не би можеле да спречиме таква катастрофа.

Сепак, брзиот развој на технологијата ветува дека ќе бидеме во подобра ситуација за одбрана доколку тоа биде потребно.

URL
Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе