НЛБ Банка и Виза генерални спонзори на најновиот долгометражен филм на Милчо Манчевски „Кајмак“

НЛБ Банка и Виза се Генерални спонзори на најновото филмско остварување „Кајмак“ на познатиот македонски филмски режисер и сценарист Милчо Mанчевски кое започнува да се снима на почеток на јули годинава.

На денешната конференција за печат Манчевски ги обелодени деталите околу снимањето и филмската екипа со што и најави жешко скопско лето. 

Банката заедно со Виза ги препозна потенцијалите на ова негово ново филмско остварување и ќе бидат партнерска поддршка за време на снимањето.

„Ни претставува голема чест да соработуваме со еминентниот режисер Манчевски, кој како амбасадор на културата ја промовира нашата земја на интернационално ниво. За величината на она што тој го работи говорат неговите филмови кои се гледани комерцијално и фестивалски, а се дел од наставната програма на стотици универзитети и се влезени во светското уметничко наследство. Навистина сме возбудени што ја остваривме оваа соработка и со нетрпение ја очекуваме реализацијата на филмот, но и животот на филмот после неговата  премиерата. Како општествено одговорна компанија се грижиме за културата или поконкретно седмата уметност која на повеќе наврати нè направи сите многу горди како Македонци. Знаеме да му покажеме на светот дека оваа мала балканска земја има свои сериозни потенцијали со кои му парира на светот. Заедно со Виза сакаме и среќни сме да бидеме дел од оваа приказна и да ги поддржиме нашите уметници во остварување на нивните потенцијали“  изјавија од НЛБ Банка и Виза.

Екипата е горда што во оваа најтешка пандемиска година во светот, токму овој филм доби поддршка и од европскиот фонд Еуримаж, што е несомнено огромна потврда за вредноста на проектот.

Филмот ќе се снима со екипа од Македонија, Данска, Холандија, Хрватска, Бугарија, Англија, Италија и Србија. „Кајмак“ жанровски е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот на филмот.

Манчевски покрај режисер се јавува и како сценарист на „Кајмак“, а главните ролји се доверени на актерите: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Филмот е европска копродукција, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, како и од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија. Македонската Радио Телевизија е копродуцент.

Како потсетување последниот филм на Манчевски „Врба“ ја доживеа премиерата на Римскиот филмски фестивал, а потоа беше прикажан на уште 30 меѓународни фестивали и освои пет награди (Рејнденс, Синеквест, Валенсија, итн), Европската филмска академија го вброи во потесниот избор на филмови за награда во 2020, а „Врба“ беше и македонски кандидат за Оскар. Филмот собори рекорди на гледаност во Македонија, а од неодамна е продаден за дистрибуција во САД, каде наскоро ќе има и ДВД издание. Тој се прикажува и на Синемакс и на HBO.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Фејл-компилација очекувања наспроти реалност

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе