УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Норвешкото чудо сруши уште еден ЛШ рекорд

Ерлинг Холанд не запира ниту оваа сезона. Голгетерот на Манчестер Сити во просек постигнува речиси гол по натпревар (19/20), синоќа ја погоди мрежата на Лајпциг и со пресврт најави 100% учинок во групата Г од Лигата на шампионите на УЕФА.

А токму со тој гол, петти сезонава, собори уште еден рекорд во најсилното клупско натпреварување на планетава. Стана играч кој стигнал до бројката од 40 голови со најмалку одиграни натпревари во Лигата на шампионите. На норвешката гол-машина ѝ беа потребни само 35 натпревари за да дојде до оваа бројка.

До синоќа овој епитет го красеше Руд Ван Нистелрој, кому му беа потребни 45 натпревари за да постигне 40 голови. Холанд тоа го стори со дури 10 натпревари помалку.

Понатаму на ова рангирање следуваат Килјан Мбапе (59/40), Лионел Меси (61/40) и Роберт Левандовски (61/40).

URL

Норвешкото чудо има уште неколку значајни достигнувања во Лигата на шампионите на УЕФА:

- најмлад стрелец во Лигата на шампионите (20 години и 231 ден), со 10 гола во сезоната 2020/21;

- најмлад стрелец кој постигнал хет-трик на своето деби во Лигата на шампионите, за Салцбург против Генк на 17 септември 2019 година;

- постигна 5 гола на еден натпревар од ЛШ (Манчестер Сити - Лајпциг 7:0), ова го дели со заедно со Лео Меси и Луис Адриану;

- има највисок просек на голови по натпревар во Лигата на шампионите од 1,14: 35 натпревари - 40 голови.

Минатата сезона, Ерлинг Холанд постигна 52 гола на 53 натпревари за Манчестер Сити, ја освои Лигата на шампионите на УЕФА, Премиер лигата и англискиот ФА Куп.

За жал на лето нема да го гледаме на ЕУРО 2024 во Германија откако Норвешка не успеа да се квалификува. Холанд веќе го пропушти и Мундијалот 2022 во Катар.

реклама

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Најдоброто природно ѓубриво: Пробајте наводнување со квасец

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе