Нов АСНОМ: Балистот си доби име на улица во Чаир, ДУИ ја возвишува идејата за голема Албанија

Нов АСНОМ најостро ги осудува, како што велат, албанската политичка партија ДУИ и нејзиниот градоначалник Висар Ганиу за именувањето улица според нацистичкиот соработник Сул Хотла.

Ваквиот чин, според оваа партија, е возвишување на идејата за голема Албанија и значи рехабилитација на нацифашизмот во Македонија.

„Ова е само еден чекор од серијата каде што се оживуваат нацистичките албански колаборатори, кои се бореа за голема Албанија колејќи ги слободоумните Македонци, на сметка на територијата на Република Македонија. Ваквиот чин на албанската политичка партија ДУИ во Република Македонија е уште една потврда дека тие се изворот на меѓуетничка нетрпеливост и се генератори за продлабочување на јазот помеѓу заедниците во Македонија, но и сериозна закана за мирот и стабилноста на нашата земја. Од друга страна, ова е потврда дека Рамковниот договор не е база за стабилност на државата и државниот апарат изграден врз база на истиот договор, практично е нефункционален. Чуму постои Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кое е водено од ДУИ, кога имаме глорификација на нацифашистите, кои го продлабочуваат етничкиот јаз во земјата?“, прашуваат од Нов АСНОМ.

Бараат одговори и на други прашања: „Каде се сега т.н. наши стратешки партнери, САД, Мисијата на ЕУ и другите да реагираат на оваа глорификација на нацифашизмот во Македонија? Дали молчат зашто ја имаат целосната поддршка на ДУИ?“

Според нив, уште полош е фактот дека најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кротко си ќутат на ваквите антимакедонски чекори на ДУИ.

„Владее чувството дека и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ молчат не сакајќи да ја вознемират ДУИ знаејќи дека токму во ДУИ се тие што ги избираат нив за партнери во оваа нефункционална рамковна Влада.
Молкот на нашите стратешки партнери, САД, Мисијата на ЕУ, Германија, како и на СДСМ и ВМРО-ДМПНЕ, значи само поддршка на ваквите чекори на ДУИ“, истакнуваат од партијата.

Нов АСНОМ, како што додаваат, никогаш нема да прифати балистите да имаат свои обележја во Република Македонија знаејќи дека тие обележја се антимакедонски, се на сметка на нашата земја, а се во корист за идејата на голема Албанија.

Ова, како што оценуваат, е уште една потврда дека рамковната Македонија е мртва и дека ние Македонците треба да си ја вратиме Република Македонија во наши раце, каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина.

Тагови
реклама

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Read more

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Македонија

УЈП: Секоја четврта контрола открива неиздавање фискална сметка

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Read more

Левица: Владата во служба на финансиските елити - рекордни добивки за банките, беда за народот

Read more
 

Вести

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Читај повеќе

УЈП: Секоја четврта контрола открива неиздавање фискална сметка

Читај повеќе
  • play_arrow

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Читај повеќе

Аеродромот во Цирих воведува 3D скенери со најмодерна технологија

Читај повеќе

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Читај повеќе

Левица: Владата во служба на финансиските елити - рекордни добивки за банките, беда за народот

Читај повеќе

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Читај повеќе

Најмалку 25 лица загинаа во голем пожар во ноќен клуб во Индија

Читај повеќе

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Читај повеќе