Нов пристап во контролите на земјоделските површини - сателитско снимање секои 6 - 10 дена

Со исплатата на субвенциите по површина обработливо земјиште независно од видот на земјоделската култура, се создадоа можности за воведување нов пристап во спроведувањето на теренските контроли, т.н. мониторинг на парцели.

Мониторингот кој годинава прв пат се воведува во земјите-членки на ЕУ, а кај нас ќе почне на одредена пилот територија, ќе овозможи контроли преку сателитски снимки кои ќе покажат дали на некоја парцела се одгледува земјоделска култура, без притоа физички да се посети самото место.

Станува збор за Сентинел сателитски снимки (нови сателитски снимки на секои 6 - 10 дена и нивна обработка) кои ќе овозможат воспоставување прецизен систем на детекција на обработуваните површини. Дел од мониторингот на парцелите ќе биде и т.н. гео-тагирање на фотографии кое во севкупниот контролен систем ќе ги вклучи и земјоделците.

-Овој вид контроли ќе овозможи целосен мониторинг на сите земјоделски парцели, без посета на самото место, со користење т.н. Сентинел сателитски снимки преку кои се утврдува дали на површината се одгледува земјоделска култура. За почеток, ние ќе го примениме системот на одредена пилот територија со тенденција да се прошири на целата територија на државата во следните години, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Од 2012 година во земјава се вршат контроли кај избран примерок, но со посета на самото место. Се користат и далечински методи преку сателистки снимки кои се прават еднаш до двапати годишно по зони во најпогодниот вегетативен период. 

-Со воведувањето на мониторингот во иднина, ќе се замени контролата на примерок земјоделски површини со целосен мониторинг на сите земјоделски парцели, а за детекција на културите е потребно да се изготват и вегетативни маркери - индекси за државата, потенцира Николовски.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more
 

Вести

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе