Нов удар за Ѓоковиќ: УС Опен повторно недостапен за него

Иако се очекуваше Новак Ѓоковиќ оваа година да има можност да настапи на УС Опен и остатокот од летната турнеја во САД, со новата одлука на американската влада, правилата за вакцинација на странски државјани при влез во земјата беа олабавени, но не и укинати.

Наместо целосно да се вакцинираат со три дози, до понатамошно известување ќе биде доволна една доза од бивалентна вакцина, но тоа не го решава проблемот во случајот со српскиот тенисер.

Во САД, вонредната здравствена состојба официјално истекува на 11 мај, а се очекуваше тогаш да бидат укинати сите пандемиски мерки за влез на странци во земјата, како што веќе е направено во поголемиот дел од светот, но Центарот за контрола на болести (CDC) одлучи само да ги ажурира правилата, но не и целосно да ги укине.

CDC одлучи дека почнувајќи од 16 август, една доза од бивалентна вакцина која „обезбедува подобра заштита“ ќе биде доволна за влез во САД, а датумот е избран затоа што претставува една година откако патниците може да примат таков тип вакцина.

„Нагласуваме дека секој кој сè уште не е вакциниран може да ги исполни условите со примање една доза од новата бивалентна вакцина“, рече Лорен Овиет од Центарот за контрола и превенција на болести.

Но, бидејќи Ѓоковиќ сè уште е упорен во одлуката воопшто да не се вакцинира, тешко е да се очекува дека ќе направи компромис, кој би бил во спротивност со неговите верувања во животот.

Ѓоковиќ веќе го пропушти минатогодишниот УС Опен, како и овогодинешните големи пролетни турнири во Америка како Индијан Велс и Мајами, а доколку оваа нова одлука не се промени одеднаш, тој ни летово нема да добие шанса да ја освои својата четврта титула на њујоршкиот Грен слем.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе