Денови на текстилната индустрија

Нова генерација на модни дизајнери и инженери за иднината на модата

Креативната работа на пет средни текстилни училишта и Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” од нашата земја ќе биде презентирана преку модна ревија која ќе се случи на 24 октомври 2020 (сабота) во Домот за млади во Штип, во организација на Текстилно Трговското Здружение – Текстилен кластер од Македонија во соработка со Моден викенд Скопје и Концепт Моден кластер.

Македонскиот Текстилен кластер во соработка со МВСК и КМК беше организатор на менторски активности како дел од новиот проект од ИПА пограничната програма Бугарија - Северна Македонија "Современата текстилна индустрија како атрактивна кариерна патека за младите генерации и придонесувач за економски развој и социјален просперитет на прекуграничниот регион  јули 2019 - ноември 2020".

Од декември 2019 година, на капсулните колекции изработени од текстилен отпад под менторство на дизајнерката Ирина Тошева, работеа  учениците од средните училишта во Северна Македонија: „Димитар Мирасчиев“ (Штип), „Ацо Русковски“ (Берово), „Миле Јаневски Џингар„- Македонска Каменица, Ванчо Прке“(Виница) и „Методи Митевски-Брицо“(Делчево) како и Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” Штип. 

Мотив на проектот е текстилната индустрија да се прикаже како атрактивна кариерна гранка за младите луѓе и придонесувач во економскиот развој на земјата. Клучна цел е да се обезбеди стручно образование што го покрива целиот спектар на активности во модата и текстилот и да развие студенти со глобална визија, чувство на општествена одговорност, критичко и креативно размислување. На тој начин новата генерација на модни дизајнери и инженери ќе го водат и зајакнат развојот на модната и текстилната индустрија во земјата.

„Во овие неколку продуктивни месеци запознавме прекрасни професори, кои секојдневно се борат со огромни предизвици да ги мотивираат своите ученици. Посетивме и основни училишта во Виница, Штип и Берово зборувајќи за оптимизација во производството и одржливите практики. Организиравме и посети на текстилни компании, каде со учениците внимателно го набљудувавме процесот на производство во конфекциите Линеа, Фаммоде, Ларс, МК Елена, Полотекс, БТБ и Текстил М“,изјави менторката Тошева.

„Со учениците и студентите разговаравме на темата одржлива мода и циркуларна економија, презентирајќи им ги најразличните техники на доработка, како инспирација за дизајнирање со текстилен отпад. Пандемијата и карантинот беа добра лекција, која овозможи повеќе размислување околу одржливиот концепт на дизајнот. Дизајнот со нула отпад всушност не е нова технологија, туку е нов начин на размислување – филозофија која те тера да ги оспориш постоечките техники и да станеш покреативен дизајнер. Затоа со нашите млади креативци под менторство на дизајнерката Ирина Тошева, имавме можност да креираме иновативни одржливи колекции“, изјави Наташа Сивевска, директор на текстилниот кластер.

Во организација на Текстилно Трговско Здружение – Текстилен кластер од Македонија во соработка со Моден викенд Скопје и Концепт Моден кластер, колекциите ќе бидат прикажани на модната ревија наречена “Денови на текстилната индустрија - промоција нa младата генерација” на 24 октомври, 2020 во Дом на Млади во Штип во 13:00 часот.

Организаторите нагласуваат дека за време на настанот ќе бидат применети сите мерки и препораки за заштита и превенција од COVID-19.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе