Škoda официјално најави дека во февруари ќе го претстави освежениот модел на Octavia.
Претставувањето ќе биде кон средината на февруари, а иако тизерот не открива многу, може да се види дека предните светла имаат редизајн. Се чини дека новите дневни светла излегуваат од главниот светлосен склоп и одат кон решетката на ладилникот.
На фотографиите Škoda го крие задниот дел на Octavia, што укажува дека ќе има промени и таму. Во внатрешноста ќе се најде нов инфотејмент екран.
Под хаубата не се очекуваат поголеми промени, меѓутоа Octavia веројатно ќе позајми 1.0 литарски турбо бензинец со 114 КС од освежениот Kamiq. Се очекува и 1.5 литарскиот мотор со 148 КС, како и асортиманот на 2.0 литарските мотори.
Škoda развива и целосно електрична верзија на Octavia, no таа се очекува во наредните две до три години.