Новата сезона во Премиер лигата со ВАР и нови правила

Лондон, 15 јуни 2019 (МИА) – Следната сезона на најатрактивното национално фудбалско првенство, Премиер лигата, ќе биде историско за Англија бидејќи се воведуваат големи промени во правилата на игра.

Според новото правило за игра со рака, доколку играчот намерно ја допре топката со рака неговата екипа ќе биде казнета, но ќе се досуди и фаул против екипата која преку намерно играње со рака ќе создаде прилика или постигне гол. Исто така, доколку играчот ги дигне рацете над висината на рамињата ќе биде санкционирано, како и во случај кога преку ширење на рацете „го прават телото поголемо“. Прекршок нема да има доколку топката удри на дланката од непосредна близина, доколку раката прилепена за телото или доколку се држи за неа додека паѓа.

Што се однесува до измените, со новите правила, тие треба да се извршат во местото кое им е најблиска од аут-линија од каде ќе излегуваат од теренот, а не од центарот. На тој начин се скратува далечината која играчите треба да ја поминат за да го напуштат теренот, а со тоа и се спречува задржување на времето при измените.

Новото правило за изведувањето на пеналите гласи: топката е во игра од моментот кога е шутирана. Противничките фудбалери можат да останата во казнениот простор и да ја пресретнат топката.

Што се однесува до жолтите и црвените картони, доколку противничката екипа има добро прилика за постигнување гол, иако судијата се уште не го покажал жолтиот или црвениот картон, играта може да продолжи до завршувањето на акцијата, а потоа може да се покаже картонот.

Кога се работи за спорна топка, новото правило вели дека играчот кој последен играл со топката, ќе ја поседува истата, со цел да се избегнат груби соочувања кога топката е спорна.

Што се однесува до ВАР-от, со новите правила тој ќе ги решава дилемите во однос на головите, пеналите и црвените картони. Секој судија ќе има свој видео-асистент во собите во Стоуклеј парк, седиштето на судиите на Премиер лигата, кои ќе ги советуваат главните судиите, кои ќе можат да ги прегледаат сомнителните ситуации на екраните на теренот.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе