Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 % во однос на одлуката од 02.02.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,270%, кај дизелот има намалување за 0,509%, кај екстра-лесното масло зголемувањето е за 1,359% и кај мазутот намалувањето е за 0,804%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,146%.
Од 06.02.2024 година од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- моторен бензин Еуросупер БС-95 - 80,50 (денари/литар)
- моторен бензин Еуросупер БС-98 - 82,50 (денари/литар)
- дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) - 78,00 (денари/литар)
- масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 77,00 (денари/литар)
- мазут М-1 НС - 41,352 (денари/килограм)
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 0,50 денари/л.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,087 денари/кг и сега ќе изнесува 41,352 денар/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 06.02.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, извести РКЕ.