Нови приказни од светот на Star Wars

Кога Џорџ Лукас одел од врата на врата во холивудските студија за спонзори за неговата идеја за вселенската сага „Star Wars“, тој не ни можел да замисли дека ќе отпочне франшиза, т.е. цело множество приказни коешто во 2020 година се проценуваше на вкупно 70 милијарди долари.

Покрај деветте филмови од основната приказна, снимен е и цртан филм, па играните филмови „Rogue One“ и „Solo“, а во подготовка се уште два долгометражни филма – „Rogue Squadron“ и уште еден засега неименуван проект…

По големиот успех на „The Mandalorian“ и „The Book of Boba Fett“ и „Obi-Wan Kenobi“, наскоро доаѓа „Andor“, а следната година и „Ahsoka“, „Lando“ и „Skeleton Crew“ - сите како дел од светот наречен „Star Wars“.

Во новата серија „Andor“ што ќе биде достапна од 21 септември на стрим-услугата Disney+, Диего Луна се враќа во улогата на бунтовничкиот шпион Касијан Андор, во настани што се случуваат пет години пред „Rogue One“. Потврдено е и дека Женевјев О’Рајли повторно ќе ја глуми Мон Мотма, а ќе се појават и Стелан Скарсгорд, Форест Витакер, Адриа Арјона, Фиона Шо и многу други глумци.

„Ahsoka“ е лик што Розарио Досон го претстави во „The Mandalorian“, па си доби и своја серија. Дејв Филони и Џон Фавро се извршни продуценти.

Во серијата глумат и Мери Елизабет Винстед, Ивана Сакно, Еман Есфанди и Наташа Лиу Бордизо… А, нивните патишта се вкрстуваат и со „Obi-Wan Kenobi“, па и тука ќе го видиме Хајден Кристенсен како Анакин Скајвокер.

Снимањето на третата сезона од „The Mandalorian“ почна во октомври лани, а Педро Паскал се врати како омилениот херој. Прикажувањето е најавено за февруари 2023 година.

Под водство на режисерот Џон Вотс, Џуд Ло ќе глуми во „Skeleton Crew“ - приказна за падот на Империјата од гледиштето на четири деца.

Авторката на популарната серија „Russian Doll“ - Лесли Хедланд е задолжена за „The Acolyte“, трилер мистерија за мрачните тајни на Галаксијата и последните денови од ерата на Високата Република. Потврдено е дека ќе глуми Аманта Стенберг, како и Џоди Тарнер Смит и Ли Џан-џе.

ТВ серијата „Rangers of the New Republic“, пак, следи група пилоти во истиот кои исто така ќе ги поврзе со севкупната приказна на „Star Wars“.

Додека Доналд Гловер го играше Ландо Калисијан како помлад во „Solo: A Star Wars Story“, сè уште не е познато дали тој ќе ја повтори својата улога во претстојната серија. Во филмовите, улогата на Ландо му беше доверена на Били Ди Вилијамс. Познато е и дека проектот му бил доверен на Џастин Симиен.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе