Нови проблеми за ПСЖ: По Мбапе, се повреди и Нејмар

Вчерашниот пријателски натпревар помеѓу репрезентациите на Бразил и Камерун се покажа како кобен за Нејмар, кој по само шест минути игра мораше да го напушти теренот поради повреда. Бразил победи, но повредата на Нејмар е лош знак за ПСЖ, кој во репрезентативната пауза го загуби и Килијан Мбапе, исто така поради повреда.

Нејмар беше заменет со напаѓачот на Евертон, Ричарлисон, кој го постигна решавачкиот гол на натпреварот и донесе победа за Бразил, но тоа е мала утеха за селекторот Тите и неговиот колега од ПСЖ, Томас Тухел.

Бразил го победи Камерун со резултат 1:0, но победата беше засенета од повредата на најдобриот играч на репрезентацијата, Нејмар. Тој требаше да одигра само уште еден лесен натпревар за Бразил ама го истегна мускулот при еден шут во петтата минута и мораше да ја напушти играта.

„Нејмар почувствува дека се повреди и затоа ја напушти играта. Ќе ни треба повеќе време да направиме проценка на повредата. Ќе ја скенираме деновиве, но не би требало да се работи за сериозна повреда“, изјави докторот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар.

Единствениот гол на натпреварот го постигна неговата замена, Ричарлисон, кој сезонава игра во одлична форма и постојано го докажува тоа во националниот дрес. Пред крајот на полувремето, тој ја искористи укажаната шанса и го постигна третиот гол во шестиот настап за репрезентацијата.

Оваа повреда претставува уште еден во низата проблеми за ПСЖ бидејќи францускиот тим за време на репрезентативната пауза мораше да се соочи со фактот дека двајцата главни играчи – Нејмар и Мбапе – се враќаат повредени од настапите во националниот дрес. Мбапе доживеа повреда на рамото во пријателскиот меч против Уругвај и засега е непознато колку време ќе отсуствува од терените.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе