Новиот трејлер за „Men In Black: International“ открива интересни сцени
Објавен е втор трејлер за „Men In Black: International“ кој открива нови, интересни сцени со Крис Хемсворт и Теса Томпсон како агенти кои ловат вонземјани чија специјалност е менување облици.
Новиот трејлер открива детали за потеклото на агентот М (Томпсон), нејзината мисија да ги пронајде MiB и да стане дел од тимот. Таа успева во тоа и заедно со агентот Х е на мисија во Лондон.
Филмот е во режија на Ф. Гери Греј (The Fate of the Furious), а во останатите улоги се појавуваат Ребека Фергусон, Лиам Нисон, Ема Томпсон и други. Премиерата е закажана за 14 јуни.