Ново откритие ветува - батериите на телефоните ќе траат подолго

Како ви звучи 44% подолго траење на батеријата на телефонот? Новата технологија би можела да го овозможи токму тоа.

Инженерите од Универзитетот Рајс пронајдоа начин да ги подобрат литиум-јонските батерии и да ги направат уште поефикасни. Овој подвиг е постигнат преку посебен процес кој ја ублажува загубата на литиум, но и ја подобрува автономијата на батеријата. Процесот се потпира на обложување на силиконски аноди со постабилни литиумски честички.

Откритието е направено кога еден од инженерите на Универзитетот Рајс испрскал слој од мешавина од честички на анодата и преку дополнителни тестови сфатил дека овој процес ја подобрува автономијата на батеријата од 22 на дури 44%. Дополнително, повеќе слоеви од оваа смеса резултираа со поголема ефикасност на батеријата, пренесува smartlife.

Ова откритие е многу значајно и може целосно да го промени начинот на кој ги користиме уредите на батерии. Тоа значи дека би можеле подолго да користиме телефони, паметни часовници и многу други уреди кои се потпираат на литиум-јонски батерии, односно да ја одложиме потребата за полнење.

За жал, премачкувањето на анодата со специјална смеса со себе носи некои негативни ефекти врз самата батерија. Инженерите забележале дека овој процес го намалува бројот на циклуси, односно бројот на полнења што може да ги издржи батеријата пред нејзиниот капацитет да падне под задоволително ниво.

Сепак, дури и ако инженерите не најдат начин да го надминат овој проблем, на хоризонтот има голем број други решенија кои ветуваат слични резултати. Еден од нив е замена на графитот во батеријата со силициум, што би овозможило поголема густина на енергија. Бидејќи силициумот има способност да „спакува“ повеќе литиум јони, веќе има одредени напори во индустријата ова да стане стандардна практика во производството на литиум-јонски батерии.

Тагови
реклама

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

Хардвер

Пристигнаа M3 компјутерите на Apple: Што може да се купи со 7.200 долари?

Read more

Презентиран Apple Pencil со USB-C порта

Read more

Батериите наскоро би можеле да траат 10% подолго

Read more

Sneaker X е моќен компјутер во форма на патика

Read more
 

Гик

Google в петок ги брише сите стари кориснички сметки

Читај повеќе

10 занимливости за Наполеон што веројатно не ги знаете

Читај повеќе

Метеж во орбитата на Земјата - на повидок сообраќајни правила и во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Кина гради подводен дата центар со моќност од шест милиони компјутери

Читај повеќе

Не биле дивјаци, туку како нас: 5 откритија што го објаснуваат животот на неандерталците

Читај повеќе

Новогодишна понуда на Телеком за вистинско поврзување

Читај повеќе

Историчарите спорат: Еден римски цар бил трансродово лице

Читај повеќе

Заштитете го вашиот профил на Gmail да не останете без него по 1 декември

Читај повеќе

Конечно скокна продажбата на телефони

Читај повеќе