Ново видео од гигафабриката на „Tesla“ во Невада
Објавено е ново видео направено од птичја перспектива што покажува колку огромна ќе биде гигафабриката што ја гради Елон Маск во пустината во Спаркс, Невада.
Иако џиновската фабрика уште е во изградба, главниот дел беше отворен во јануари и таму се произведуваат батериите за електричните автомобили Model 3 на „Tesla“. Првите 30 сопственици на Model 3 ги добија своите автомобили во јули годинава.