Објавен потесниот круг за регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“

Регионалната книжевна заедница номинираше дури 153 наслови за овогодинешната, трета по ред, „Штефица Цвек“.

Дизајн: Лејла Ахмедспахиќ

Жирито за првиот круг ги разгледа предложените книги од страна на регионалната книжевна заедница и во периодот од февруари до јуни 2024 година го направи својот избор.

Станува збор за жанровски различни дела (проза, поезија, хибридни ракописи, стрипови и книги за деца), објавени во текот на 2023 година, на споделениот јазичен простор на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, С. Македонија и Србија.

Целта на регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ е афирмација на бунтовните писателски и читателски практики, односно на феминистичките, квир, деколонијални, марксистички и еколошки, ангажирани перспективи.

„Следствено, јасна е тематската и идејна перспектива, односно општествено-политичкиот ангажман како еден од критериумите при разгледувањето на номинираните дела. Подеднакво вреден критериум е и вештината и иновативноста на книжевните постапки, односно специфичниот авторски одговор на нашата заедничка, општествено-политичка стварност и самата книжевна (и општо земено, уметничка) продукција. Накратко, сето она што романот Штефица Цвек во челустите на животот го претставува во историјата на (пост)југословенската книжевност, како и опусот на Дубравка Угрешиќ во целина. Оттаму, во контекст на овој избор,  признанието ‘Штефица Цвек’ е во потрага по книги кои обединуваат општествено-политичка ангажираност и книжевно-естетски квалитет“, изјавуваат членовите на жири-комисијата.

Во потесниот, прв, круг на изборот „Штефица Цвек“ влегуваат следните 27 книги, наведени по следниот азбучен ред:

Андријана Кос Лајтман, Дани коситра и јеке (Хрватско друштво на писатели, збирка поезија);

Амила Кахровиќ Посављак, Шкриптаји коже (Buybook, роман);

Бојан Кривокапиќ, Вила Фазанка, (Арете, роман);

Гаја Смилевска, Скрши што судбината гради (Флип Бук Букс, стрип);

Ева Симичиќ, Четири лакта унутра (В.Б.З., роман);

Ивана Максиќ, Вејавица (Футура публикације Нови Сад / Нојзац, збирка поезија);

Игор Ивко, Почетници (Disput, роман);

Игор Раиден, Издигнување (Темплум, роман);

Јана Адамовиќ Јана, Ива Атоски, Селена Даниловиќ, Јелена Ѓорѓевиќ, Леа Ембели, Ивана Филиповиќ, Даница Јевѓовиќ, Миљана Михајловиќ, Ана Милојковиќ Оми, Ана Петровиќ, Драгана Радановиќ, Код куќе (Бесна кобила, стрип);

Јелена Анѓеловска, Куќа се није мрднула (Партизанска книга, збирка поезија);

Јелена Михољевиќ, Тај глас (Петрине књиге, збирка поезија);

Калиа Димитрова, Во хаосот радост (самоиздадена, збирка поезија);

Лејла Каламујиќ, Адиса Башиќ, Тамара Заблоцки, Николина Тодоровиќ, Селма Асотиќ, Сабина Фидахиќ, Ламија Милишиќ, Бјанка Алајбеговиќ, Енер Куртовиќ, Ламија Бегагиќ, Ламија Гребо, Зоран Ќатиќ, Емир Заметица, Борис Мраовиќ, Ферида Дураковиќ, Жене БиХ за дјецу – Илустровано путовање с изузетним женама из прошлости (Сарајевски отворени центар, книга за деца);

Лидија Дедуш, ја се зовем лидија дедуш (Фрактура, збирка поезија);

Лидија Димковска, Единствен матичен број (Издавачки центар ТРИ, роман);

Марија Андријашевиќ, Темељење куќе (Фрактура, збирка поезија);

Марија Марковиќ, Habia Rubica (Раштан издаваштво, збирка раскази)

Мартина Видаиќ, Град: конструкција (В.Б.З., збирка поезија);

Михаела Гашпар, Премештање снова (Фрактура, роман);

Наташа Нелевиќ, Мали роман о блату (Нова книга / Космос, роман);

Петар Андоновски, Не кажувам (Полица, роман);

Сибила Петлевски, Точка пораза (Сандорф, роман);

Сузана Кос, Данте (Меандар Медиа, збирка поезија);

Теа Тулиќ, Стрвинари старог свијета (Oceanmore, роман);

Тамара Биланков, Из куќе по којој пада киша (Јесенски и Турк, збирка поезија);

Тијана Ракочевиќ, Интимус (Фокализатор, збирка раскази); и

Хана Корнети, Илина и шумските тролови (ИЛИ-ИЛИ, роман за деца).

Првиот жири-состав го сочинуваа: Ања Томљеновиќ, Грација Атанасовска, Иван Шуњиќ, Марија Божиќ, Марија Бошковска, Милица Улемек и Филип Кучековиќ. Авторка на овогодинешниот визуелен идентитет на изборот е Лејла Ахмедспахиќ, графичка дизајнерка и илустраторка од Сараево.

Второто жири го презема овој избор за натамошно читање и ќе донесе конечна одлука за наградените книги. Добитничките и добитниците на третата „Штефица Цвек“ ќе бидат јавно објавени на свеченото прогласување во септември 2024 година.

Книжевниот избор „Штефица Цвек“ #3 го организираат Pobunjene čitateljke (Србија), Kulturtreger/Booksa (Хрватска), Naratorium (Босна и Херцеговина) и Коалиција МАРГИНИ (С. Македонија). Овогодинешниот избор го поддржаа Western Balkans Fund и Rekonstrukcija Ženski Fond.

реклама

Руски астролог: Два хороскопски знака ќе паднат на дното по 25 јуни

Read more

Кардиолог споделува навика која го спречува создавањето на згрутчувања во крвта

Read more

Експертите ги избраа најдобрите половни автомобили

Read more

Данците завршија пред Словенците поради гол што го постигнаа пред седум месеци

Read more

Култура

Тројца македонски поети на фестивал во Загреб

Read more

Градската библиотека во Скопје ќе ја промовира „Антологија на иднината“

Read more

Националниот џез оркестар со три концерти во Хрватска заедно со Рамбо Амадеус

Read more

Објавена програмата за десеттото издание на Скопје Синема Сити

Read more
 

Вести

Мицкоски: Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити

Читај повеќе

Николоски: Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај

Читај повеќе

Тројца македонски поети на фестивал во Загреб

Читај повеќе

Извлечена e екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт, имаат повреди

Читај повеќе

Левица: Пензискиот фонд е доведен пред колапс

Читај повеќе

Пациент и екипа на Брза помош заглавени во лифт во скопска Кисела Вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Асанж конечно е слободен – колку го чинеше разоткривањето на вистината?

Читај повеќе

Кои се резултатите од експериментот „четиридневна работна недела“ во Германија?

Читај повеќе

Кривична за Самка Ибраимовски за наводни закани кон уставен судија

Читај повеќе