Воздухопловните сили на Украина објавија снимка од уништувањето на руски хеликоптер во Источна Украина.
Единиците на противвоздушната бригада Днепар собориле руски хеликоптер Kamov Ka-52 „Alligator“. Хеликоптерот се урнал во неделата околу 14 часот.
Според податоците на Oryx, специјализиран сајт кој ги следи визуелно потврдените загуби на двете страни во војната во Украина, досега се уништени дури 28 руски хеликоптери Ka-52 „Alligator“.
Овој хеликоптер чини околу 15 милиони долари, а се работи за јуришен хеликоптер, еден од најмодерните во руската воздушна флота.