Секоја година се води жестока битка за најдобар автомобил, а се чини дека годинава конкуренцијата за титулата е најжестока до сега.
Жирито составено од 60 автомобилски новинари од 23 држави ја објави официјалната листа на седумте финалисти за титулата Car of the Year 2018.
Фантастичната седморка е одбрана од дури 37 кандидати. Тежок избор, а по бројните тестови, судиите ќе мораат да одберат еден од следните автомобили: Alfa Romeo Stelvio, Audi A8, BMW серија 5, Citroen C3 Aircross, KIA Stinger, Seat Ibiza и Volvo XC40.
Победникот ќе биде прогласен на автомобилскиот саем во Женева на 5-ти април, а интересно е дека помеѓу финалистите не се најде ни еден електричен автомобил.