Од 15 јуни почнува туристичката сезона во Грција, без задолжителни тестови, туку по случаен избор

Атина, 20 мај 2020 (МИА) -Туристичкиот период почнува на 15 јуни, датум кога може да се отворат сезонските хотели, а од 1 јули, постепено ќе започнат директните летови од странство до нашите туристички дестинации, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видеопораката до јавноста во делот посветен на туризмот, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис го презентираше владиниот план за следните месеци за економијата, поддршката на работните места и туризмот, паралелно најави намалување на ДДВ-то.

-На нашите посетители ќе им се прават тестови по случаен избор и ќе се почитуваат нашите општи здравствени протоколи кои сепак, нема да го засенат, ниту нашето сјајно сонце, ниту природната убавина на Грција, рече Мицотакис.

Во однос на даночните олеснувања најави намалување од 24 на 13 отсто на ДДВ-то за секој вид на билети за превоз, бидејќи како што рече ја знае важноста „на поевтин превоз со автобус, брод или авион“.

Дополнително, намалување на ДДВ-то ќе има и за кафето и безалкохолните пијалаци, како и за билетите за летните кина.

По телевизиската порака на Мицотакис, министрите за финансии, развој и инвестиции, за труд и социјални работи и за туризам ќе ги презентираат сите аспекти на планот.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе