Од кој книжевен жанр писателите најдобро заработуваат?

Од пишување книги може да се живее добро, во одредени земји во светот. Кај нас, можеби тоа не е баш толку едноставно. Сепак, не е исто да објавите збирка поезија или крими роман.

Затоа, пред да се одлучите за приоритетите на заработка од пишување, важно е да одредите од кој жанр ќе биде вашата книга.

Во светски рамки, писателите низ светот најмногу заработуваат од овие жанрови:

Љубовни и еротски романи – 1,44 милијарди долари годишно

Кај нас, овој жанр е еден од најпотценетите. Иако во последно време има доста македонски писатели кои објавуваат романси со примеси на еротика, но кога станува збор за еротски романи приказната е поинаква.

По успехот на „Педесет нијанси сиво“, не е ни чудно што во светската литература почна еден нов бран на силна доминација на овој жанр. Судејќи по бројките, писателите кои пишуваат еротски и љубовни книги заработуваат солидно, па не е чудно што се на врвот на оваа листа.

Крими романи и мистерии – 728.2 милиони долари годишно

Не постои нешто што може да ви го обземе вниманието како добар трилер или крими роман. Воопшто не е ни чудно што Агата Кристи заработила многу пари додека творела. Продала 300 милиони примероци, а во периодот на нејзината смрт во 1976 година, таа била најпродаваниот автор на сите времиња. Според една процена, заработила 20 милиони долари или во 2021 година тоа би биле скоро 95.2 милиони долари.

Религиозни книги и популарна психологија – 720 милиони годишно

Во текот на пандемијата, освен на општото здравје на луѓето, акцентот се стави и на менталното здравје и тоа уште е така. Многумина посегнаа по книги за самопомош или ментална гимнастика.

Научна фантастика и фантазија – 590.2 милиони годишно

Ова е можеби омилениот жанр на децата, но ако една книга за деца не им е интересна и на возрасните, значи не ја постигнала целта. Овој жанр е доста популарен во последно време бидејќи можностите со него се неограничени. Кој не сака да чита за измислени земји или митолошки суштества?

Хорор – 79.6 милиони долари годишно

Стивен Кинг можеби е еден од најуспешните автори на хорор книги во денешно време, но и доказ дека од пишување страшни книги може солидно да се заработи.

Тагови
реклама

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Read more

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Read more

Каде беше досега Џек Ма?

Read more

Ирина Шајк, поздрав од одмор

Read more

Книги

Aвтобиографијата на принцот Хари објавена на македонски јазик

Read more

Харуки Мураками ќе објави нова книга по шест години пауза

Read more

Јулијана Величковска ја промовира илустрираната книга за деца „Ведра“

Read more

Среќен роденден, Харуки Мураками

Read more
 

Магазин

На која возраст младите во Македонија се иселуваат од родителскиот дом?

Читај повеќе
  • play_arrow

Која е идеалната температура за храната да трае долго во вашиот фрижидер?

Читај повеќе

Пет лоши навики со кои си го уништувате сексуалниот живот

Читај повеќе

Кои се петте најнечисти површини во вашата кујна?

Читај повеќе

Што се висцерални масти и кога се опасни по здравјето?

Читај повеќе

Kакви промени може да очекувате ако ја исфрлите солта од исхраната?

Читај повеќе
  • filter

Кои се четирите најскапи часовници во светот?

Читај повеќе

За машки: 7 совети како да ја освоиш симпатијата

Читај повеќе

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Читај повеќе