Од колку плати се купуваше нов автомобил во поранешна Југославија?

Многумина денес со носталгија се потсетуваат на „златните времиња“ во поранешна Југославија, како животот бил поубав и полесен, а многу работи биле подостапни.

Кога зборуваме за поранешна Југославија, не може да не ги спомнеме автомобилите што се возеа во тоа време.

Понудата на достапни автомобили беше скудна, а за најевтиниот од сите „југовци“, Yugo 45 Koral, просечниот граѓанин требаше да работи 30 месеци. Притоа, ова беше вториот најевтин автомобил на пазарот.

Подостапен од него беше Fiat 126, попознат како „пегличка“, модел што во еден период исто така го произведуваше Zastava.

Кон крајот на 80-тите „пегличка“ доби мотор со 26 коњски сили и поголем простор во кабината. За овој автомобил беа потребни 19 просечни плати.

Со една месечна плата плус, просечниот Југословенец можеше да си дозволи Škodа 120L, а вкупно 35 просечни плати требаше да се издвојат за Renault 4.

Најдостапен компактен семеен автомобил беше „стокец“ за 38 плати, а по него следеа руските Moskvič Aleko (42 просечни плати) и Lada Samara за 54.

Средната класа сепак бараше нешто повеќе, на пример Yugo Floridа за која требаше да се издвојат 75 просечни месечни плати, или VW Golf II diesel за кој требаше да се работи 96 месеци или полни осум години.

Renault 19 и Fiat Tipo беа поскапи за некоја плата плус.

Полека доаѓаме до најскапите автомобили во тоа време што ретко можеше да се видат по патиштата низ Југославија. Приказната ја отвора италијанската убавица Alfa 164 со фантастичен V6 мотор и цена во противвредност од 322 просечни плати. Уште поскапа беше Opel Omega, како и францускиот Renault 25, за кој просечниот југословенски работник требаше да работи 404 месеци, односно целиот свој работен век.

На самиот врв се наоѓаа германските ѕверки - за BMW 750iL беа потребни 912 просечни плати или точно 76 години работен стаж, а за Mercedes 560 SEC требаше да се работи 1.231 месец, односно просечниот работник да одработи нешто повеќе од 102 години работен стаж.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Чек дис аут

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе