Од Конте до Инѕаги: Што ќе се промени за Лукаку?

Ромелу Лукаку призна дека низ изминатата 2021/22 сезона одржувал контакт со Симоне Инѕаги, но што неговиот нов тренер очекува од него во споредба со она што го играше под Антонио Конте?

Белгискиот голгетер синоќа го комплетираше враќањето во Интер и тоа како позајмица 10 месеци откако Челси искешира 113 милиони евра за неговите услуги. Изминатава сезона воопшто не се снајде на „Стемфорд Бриџ“ и постигна само 15 гола на 44 натпревари под водство на Томас Тухел.

За време на својот двегодишен престој на „Џузепе Меаца“, кога Интер беше предводен од Антонио Конте, постигна 64 гола на 95 натпревари. Едвај недела дена тренираше под новиот стратег Инѕаги пред да премине на Островот.

„Останав во контакт со него за време на цела мината сезона“, изјави синоќа Лукаку. „Имам впечаток дека тренерот добро го води тимот, па сакам да допринесам работејќи го она што е најдобро за клубот“.

Лукаку можеби се врати, но ова е поинаков Интер од оној кој го напушти, а тоа е благодарение токму на промената на стратегот.

Конте и Инѕаги играат сличен систем, но нивниот пристап кон натпреврите е некако различен. Играта на Инѕаги милува поголем посед на топка отколку онаа на Конте, иако е погрешно да се рече дека сегашниот предводник на Тотенхем употребува само контра напади како негово тактичко оружје.

Лукаку најчесто го вади најдоброто од себе која има простор пред себе, но за време на својот двегодишен престој во Интер често се пробиваше низ противничките одбрани користејќи ја својата физичка сила.

Во Серија А нема многу дефанзивци кои можат да се носат со неговата физичка сила, особено кога ја има топката кај себе. Оваа предност Инѕаги ќе треба најдобро да ја искористи, особено кога ќе игра против тимови кои играат повлечено. На големите натпревари, поранешниот стратег на Лацио можеби ќе треба да го промени пристапот за да извади најмногу што може од карактеристиките на Лукаку, кои не се исти како оние на Един Џеко.

Се сеќавате на голот на Лукаку во Дербито дела Мадонина во февруари 2021? Неговиот сензационален соло продор перфектно ги покажа неговите физичките и техничките вештини, како и голгетерските способности. Џеко не го може тоа, па Инѕаги ќе има екстра напаѓачко оружје кои ќе треба мудро да го користи иднава сезона.

Remote video URL

Инѕаги како поранешен напаѓач точно знае како да го извади најдоброто од своите истурени напаѓачи. Ѕвездата на Лацио, Чиро Имобиле, постигна 149 голови на 217 натпревари под водство на 46-годишниот стратег. Тоа доволно кажува дека Инѕаги има јасен план како да го искористи Лукаку.

Пред Белгиецот да се врати на „Меаца“, Инѕаги на свој близок пријател му кажал дека тој е најдобриот напаѓач кој некогаш го тренирал, иако заедно тренираа едвај една недела.

Лукаку покажа дека е комплетен напаѓач кој игра најдобро кога е во формација со друг напаѓач, поставени блиску еден до друг. Лаутаро Мартинес сигурно ќе му биде одличен партнер на 29-годишниот белгиец, како што Лаутаро и Џеко никогаш не успеаја да проработат. Звучи чудно, но многу веројатно е дека Инѕаги ќе треба да се приспособи на Лукаку, отколку обратно. Ако судиме по она што досега се случуваше, јасно е дека Инѕаги веќе добро знае што да прави со својот нов напаѓач.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе