Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54% во однос на одлуката од 02.01.2024.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,355%, кај дизелот 2,341%, кај екстра-лесното масло 2,138% и кај мазутот зголемување 0,219%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,566%.
Од 10.01.2024 година од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- моторен бензин Евросупер БС-95 – 77,00 (денари/литар)
- моторен бензин Евросупер БС-98 – 79,00 (денари/литар)
- дизел-гориво Евродизел БС (Д-Е V) – 72,50 (денара/литар)
- масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денара/литар)
- мазут М-1 НС – 41,517 (денар/килограм).
Малопродажните цени на Евродизелот (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот Евросупер БС-95 не се менува.
Малопродажната цена на бензинот Евросупер БС-98 се намалува 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,281 денари/кг и сега ќе изнесува 41,517 денар/кг.