Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,36% во однос на одлуката од 15.01.2024.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,733%, кај дизелот за 3,253%, кај екстра лесното масло за 2,343% и кај мазутот намалувањето е за 1,289%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,551%
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,50 ден/л, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,209 ден/кг и сега ќе изнесува 41,732 ден/кг.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
- моторен бензин Еуросупер БС-95 - 78,00 (денари/литар)
- моторен бензин Еуросупер БС-98 - 80,00 (денари/литар)
- дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) - 75,00 (денари/литар)
- масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 74,50 (денари/литар)
- мазут М-1 НС - 41,732 (денари/килограм)
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 23.01.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.