НБА 2023/2024

Одличниот Дончиќ недоволен за Мавс, Јанис и Мидлтон донесоа нова победа на Бакс

Далас Маверикс на свој паркет беше поразен од Кливленд Кавалирс со 113:110, а на Мавс не им помогна ниту одличната партија на Лука Дончиќ. Затоа, пак, одличната партија на Јанис Адетокунбо и Крис Мидлтон му донесе нов триумф на Милвоки Бакс.

Словенецот постигна 39 поени со 7 скока и 6 асистенции. Стеф Кари додаде 19 поени со 4 скока, а Тим Хардавеј 14 поени со 4 скока. Данте Ексум натпреварот го заврши со 13 поени, 6 асистенции и 4 скока, а двоцифрен поентер беше и Дерик Џонс со 12 поени и 5 скока.

На другата страна кај Кавалирс најдобар беше Карис ЛеВерт со 29 поени, 7 асистенции и 2 скока, додека Џарет Ален додаде 24 поени со неверојатни 23 скока и 6 асистенции. Ајзек Окоро натпреварот го заврши со 22 поена и 3 скока, додека Џорџ Нианг беше двоцифрен со 16 поени, 3 асистенции и 2 скока.

Remote video URL

Мавс со скор од 18-13 се шести на Западот, додека Кливленд со идентичен скор седат на истата позиција, но на Истокот.

Јанис Адетокунбо со дабл-дабл го предводеше Милвоки Бакс до нова победа, овој пат над Бруклин Нетс на гостински терен со 144:122. Нигерискиот Грк постигна 32 поена со 10 скока и 8 асистенции, а одлична поддршка имаше во Крис Мидлтон, кој исто така запиша дабл-дабл, но со 27 поени, 10 асистенции и само 3 скока. 18 поени имаше Камерон Пејн, 17 Малик Бизли, 14 Боби Портис, 12 Демиен Лилард, а 11 МарЖон Боучемп.

Кај Бруклин најдобар беше Вилсон со дабл-дабл од 21 поен и 10 скока. Следуваа Трендон Вотфорд со 17 поени, Ноа Клоуни и Денис Смит Џуниор со по 14, а Армони Брукс, Кион Џонсон и Деј'Рон Шарп реализираа по 12.

Remote video URL

Бакс се втори на Истокот со скор 23-8, додека Нетс се 9-ти со 15-16 во истата конференција.

Резултати:

Орландо Меџик - Филаделфија 76ерс 92:112
Вашингтон Визардс - Торонто Репторс 102:132
Бруклин Нетс - Милвоки Бакс 122:144
Хјустон Рокитс - Феникс Санс 113:129
Оклахома Сити Тандер - Њујорк Никс 129:120
Далас Маверикс - Кливленд Кавалирс 110:113

Табела:

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Кошарка

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе