Официјално: Челзи има забрана за дојдовни трансфери летово

Челзи нема да може да привлече нов фудбалер во тековниот трансфер прозорец. На клубот му е наметната забрана за дојдовни трансфери поради неправилно, според ФИФА, привлекување на странски играчи на возраст под 18 години. Клубот исто така беше казнет со 475.000 фунти.

Откако лондонскиот тим ја загуби жалбата, го префрли случајот кон спортскиот арбитражен суд во Лозана. Од таму, сепак денес објавија дека случајот на Челзи нема да биде разгледан пред 14 август, а пазарот за англиските клубови затвора на 8 август – ден пред почетокот на новата сезона на Островот.

Чудно е дека од „Стемфорд Бриџ“ не го искористија своето право да побараат суспендирање на казната додека случајот не биде разгледан.

Санкцијата не важи за однапред договорени трансфери. Така на пример, Кристијан Пулишиќ доаѓа од Борусија (Дортмунд), откако договорот беше финализиран уште во почетокот на минатата сезона.

Освен тоа Матео Ковачиќ може да остане трајно на „Стемфорд Бриџ“, бидејќи има таква клаузула во неговиот договор за позајмен од Реал Мадрид.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе