Мегапопуларната серија „La casa de papel“(Money Heist) добива петта сезона.
Креаторот на серијата, Алекс Пина на Instagram потврди дека работи на новите епизоди.
Мегапопуларната серија во 2017 година беше прикажувана само на шпанската телевизија Antena 3 поради слабата гледаност, но сè се смени кога почна да се емитува на Netflix - франшизата сега има публика во секој дел од светот.
Серијата продолжува да добива позитивни критики поради софистицираниот заплет, драмата, режијата. „La Casa de Papel“ доживеа огромен успех.