Напуштена куќа на улицата „127 бр.20“ во населба Гази Баба утринава е опожарена.
Пожарот е изгаснат и нема повредени лица.
Од Територијалната противпжарна единица на Град Скопје за МИА информираат дека во гаснењето на пожарот биле вклучени осум пожарникари и две противпожарни возила.
Пожарот е пријавен во 9:25 часот.