На најпознатиот музички настан требаше да присуствуваат голем број ѕвезди.

Свеченоста за доделување на музичките награди MTV е откажана поради безбедносни причини, односно поради моменталната состојба во светот, соопштија денеска организаторите.
„Со оглед на нестабилноста на светските настани, решивме да не продолжиме со MTV наградите за 2023 година поради големата претпазливост за илјадниците вработени, членовите на екипажот, артистите, обожавателите и партнерите кои патуваат од сите страни на светот за шоуто“, рече портпаролот на Paramount, организатор на свеченоста.
„Додека гледаме како продолжуваат да се одвиваат разорните настани во Израел и Газа, ова не изгледа како момент за глобална прослава. Со веќе изгубени илјадници животи, тоа е момент на жалост. Со нетрпение очекуваме повторно да бидеме домаќини на MTV наградите во ноември 2024 година“.
Доделувањето на MTV музичките нагарди се одржува секоја година од 1994 година.
Инаку, настанот требаше да се одржи во Париз на 4 ноември.
Некои од ѕвездите кои требаше да се појават се Тејлор Свифт, Оливија Родриго, Мајли Сајрус, Ники Минаж и многу други.