Откриен рекорден отпечаток од диносаурус во Велика Британија

На британскиот „Брег на диносаурусите“ неодамна беше пронајден рекорден отпечаток од овој одамна изумрен вид.

Отпечатокот од периодот Јура, долг речиси еден метар, е најголем од ваков вид откриен во Јоркшир. Илјадници отпечатоци од диносауруси и многу фосили се пронајдени покрај брегот на таа област. Последниот случајно го пронашла археологот Мари Вудс додека шетала по брегот во април 2021 година.

„Не можев да поверувам кога го видов, морав двапати да проверам. Претходно наидов на некои помали отпечатоци, но ништо слично на ова“, рече Вудс. По ова случајно откритие, му се обратила на палеонтологот Дин Ломакс од Универзитетот во Манчестер и го прашала за мислење за откритието на кое наишла во заливот Барнистон.

„Мари ме контактираше додека сè уште беше долу на плажата, со фосилот пред неа. Отпрвин, да бидам целосно искрен, помислив дека тоа е шега. Се чинеше невозможно дека Мари се шетала наоколу и случајно наишла на олку голем отпечаток. Плус, таа е археолог. Се шегувавме дека еден ден ќе има неверојатно палеонтолошко откритие“, изјави Ломакс, а пренесува CNN.

URL
Отпечаток со три прсти

Отпечатокот со три прсти е еден од само шесте пронајдени во областа. Првиот беше откриен во 1934 година.

„Ова важно откритие дополнително докажува дека џиновските месојади талкале на овој дел од земјата за време на периодот Јура. Типот на стапалото, во комбинација со неговата старост, сугерира дека го направил диносаурус сличен на мегалосаурус", рече локалниот геолог Џон Хадсон.

Мегалосаурус бил еден од најголемите предатори на своето време, имал голем череп вооружен со остри, назабени заби. Достигнувал должина и до 8-9 метри. Експертите подоцна го однеле отпечатокот во музејот и галериите на Скарборо за да го заштитат од понатамошна ерозија.

Ова им овозможи на Хадсон и Ломакс детално да го проучат ова откритие. Тие го анализирале обликот на стапалото, бројот на прстите и трагите од канџите, како и отпечатоците од кожата на диносаурусот.

„Веројатно клечел или се одморал во калта“

„Најинтригантната карактеристика на ова откритие е долгиот дел на задниот дел од стапалото, отпечатокот на она што го нарекуваме метаподиум. Тоа значи дека нашиот голем месојад веројатно клечел или се одморал во калта пред да стане, да замине и остави вечен отпечаток зад себе. Забавно е да се замисли како овој диносаурус шета по калливата крајбрежна рамнина во едно мрзливо неделно попладне во периодот Јура“, рече Ломакс.

По завршувањето на работата на фосилизираниот отпечаток, властите ќе го изложат во музеј.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе