Според медицинскиот извештај, пејачот Крис Корнел извршил самоубиство со бесење, пренесува AP.
Корнел беше пронајден во несвесна состојба во хотелска соба, а локалната полиција веднаш отвори истрага за можно самоубиство.
52-годишниот Корнел беше пејач и тапанар на групата Саундгарден од Сиетл, позната по хитовите „Black Hole Sun“ и „Spoonman“. Саундгарден е дел од членовите на „големата гранџ четворка“, заедно со бендовите Нирвана, Прл Џем и Алис ин Чејнс.
Последниот концерт Корнел го одржа пред два дена во Детроит.