Откриени најтоплите ѕвезди во нашата галаксија - 100 пати пожешки од Сонцето

Астрономи тврдат дека новооткриените ѕвезди се дваесет пати потопли од нашето Сонце, поради што се рангирани меѓу најжешките небесни тела во нашата галаксија. Но, тоа не е сѐ.

Меѓународен истражувачки тим предводен од астрономот Сајмон Џефри од опсерваторијата Армаг во Северна Ирска откри осум ѕвезди за кои анализата покажа дека се најжешките во нашиот универзум. Бидејќи, како што тврдат, нивните површини се загреваат од 100.000 степени Целзиусови па нагоре - што е огромна разлика во споредба со Сонцето, чија површинска температура е околу 5.800°C.

Со испитување на собранмите на податоци добиени со Јужноафриканскиот голем телескоп, целта на научниците беше првенствено да ги проучуваат еволутивните фази на ѕвездите како што се белите џуџиња. Меѓутоа, за време на анализата, истражувачите откриле потџуџиња богати со хелиум - придружници на белите џуџиња, кои го согоруваат споменатиот хемиски елемент. По што откриле дека покрај жешките потџуџиња, во нашата галаксија има и осум најжешки бели џуџиња.

URL

„Сите овие ѕвезди се во многу напредна фаза од нивниот животен циклус и се приближуваат кон смртта“, тврди еден од истражувачите, астрономот Клаус Вернер од Институтот за астрономија и астрофизика при Универзитетот во Тибинген.

Најжешкото бело џуџе што е откриено е наречено SALT J213742.6−382901 и неговата површинска температура е околу 180.000 степени Целзиусови. Се смета за импресивно откритие бидејќи ѕвездите со површинска температура над 100.000 се исклучително ретки.

Сто пати посветли од Сонцето

Тие не само што имаат високи температури на површината, туку и светат со силен интензитет, до сто пати посилно од нашето Сонце. Меѓутоа, бидејќи се на оддалеченост од 5.000 до 22.000 светлосни години од Земјата - за разлика од Сонцето, кое е оддалечено околу 8 светлосни минути - овбие ѕвезди не можат со голо око да се видат на ноќното небо.

Една од ѕвездите, која истражувачите ја нарекоа SALT J203959.5−034117, има уште една посебна карактеристика - таа е централна ѕвезда на новооткриената планетарна маглина со дијаметар од 1 светлосна година. За разлика од другите новооткриени небесни тела, за кои се смета дека се осцилирачки ѕвезди. Затоа, заклучокот на научниците е дека поради високиот степен на развој и посебните својства, осумте супержешки ѕвезди би можеле да придонесат за разбирање на доцните фази на развојот на ѕвездите.

Истражувањето е објавено во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе