Renault почна со најавите за новата генерација на моделот Espace.
Во првата сериозна објава, производителот го сподели изгледот на силуетата на возилото.
Нема сомнеж, се работи за класичен SUV кој, како што е веќе познато, ќе се нуди и во комбинација со седум седишта.
Во оваа игра на светлина и сенки, можеме да ги видиме нагласените рамена, како и изразената должина на самото возило.
Официјално, моделот е долг 4,72 метри, или 21 см повеќе од Austral. Иако е покомпактен за 14 см од својот претходник, внатрешноста на новата генерација е малку подолга од сегашната и изнесува 2,48 м, вклучувајќи го и третиот ред седишта.
Сè на сè, освен името, новиот Espace очигледно ќе наследи некои карактеристики на својот претходник, барем кога станува збор за удобноста.
Новиот Renault Espace ќе биде претставен пред светот на почетокот на пролетта оваа година.