СЕРИЈА А 2023/2024

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Откако фудбалерот на Рома, Еван Ндика, држејќи се за градите се сруши на теренот на натпреварот против Удинезе, веднаш беше хоспитализиран и е во стабилна состојба, велат информациите од Италија.

Ндика се пожали на болки во градите, а потоа падна на теренот. Следеа минути страв и паника на теренот на „Дачиа“ арената во Удине, а натпреварот беше одлучено да биде прекинат бидејќи стравувањата беа дека Ндика доживел срцев удар.

Брзата помош пристигнала веднаш, а за тоа време репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска беше стабилен. Веднаш беше хоспитализиран, а првичните информации говорат дека неговиот живот не е во животна опасност.

URL

Италијанците веднаш ја потврдија веста дека Ндика не доживеал инфаркт, ниту застој. Ова го потврди Ла Сорес, регионалниот здравствен оперативен центар, кој додаде дека тој бил примен во болницата „Санта Мариа дела Мизерикордиа“ под жолт аларм.

URL

Според сите проценки, виновникот за колабирањето на Ндика во 73. минута од натпреварот е ударот што претходно го доби во текот на самиот натпревар, а кој подоцна дојде да го земе данокот.

Судијата Лука Паирето и клубот Удинезе веднаш и понудија максимална достапност на Рома, а сите играчи на римскиот клуб на чело со тренерот Даниеле Де Роси веднаш заминаа во болницата во Удине за да ја проверат состојбата на својот играч.

URL

Тренерот Де Роси на излегувањето од болницата им се обрати на навивачите со кратка порака „добар е, добар е“ како одговор на прашањето на навивачите за ситуацијата со Ндика, а потоа се качи во клупскиот автобус.

24-годишниот Ндика во Рома дојде летоска од редовите на Ајнтрахт Франкфурт, каде играше 5 сезони по доаѓањето од Оксер. Родум од Франција, беше младински репрезентативењ на оваа земја пред лани да одлучи да игра за земјата од каде потекнува, Брегот на Слоновата Коска, за која запиша 14 настапи и годинава го освои Африканскиот куп на нации.

Ако немал инфаркт, тогаш што е причината?

Играчот беше подложен на кардиолошки и невролошки тестови, вклучително и КТ скен. Испитувањата покажаа дека веројатно имал пулмонална компресија, со можен пневмоторакс. Тоа можело да биде предизвикано од некои удари во натпреварот, а имаше еден прилично силен во 38. минута и други два во 66. и 70. минута, непосредно пред колапсот на дефанзивецот од Брегот на Слоновата Коска. Секако дека Ндика по ноќта помината под опсервација ќе биде повторно прегледуван денеска. Дури кога медицинскиот персонал ќе ги отстрани сите сомнежи за тоа што се случило, ќе биде одлучлено кога да биде отпуштен од болница. Дефинитивно нема да игра реванш натпреварот од Лига Европа в четврток кога Рома го пречекува Милан.

URL
Може ли натпревар да се прекине поради здравствена состојба?

Значи, дали може да биде прекинат натпревар поради сериозна повреда? Да, подобро ако е со согласност на двата тима иако во екстремни случаи судијата може да одлучи самостојно. Внатрешните организациски правила на ФИГЦ всушност го регулираат прекинот само во случај кога теренот е неупотреблив (чл. 60) и за заштита на јавниот ред (чл. 62). Толку строги се правилата што на 9 април Спортскиот суд во Серија Ди ги казни Палмезе и Манфредонија кои заеднички побараа прекин оти на навивач на трибините му се слошило.

Ќе се доигра ли Удинезе - Рома?

Членот 30 од Статут-Правилникот на Серија А ги дефинира критериумите за доигрување на прекинатите натпревари. Стои дека треба да се доигра веќе денеска освен ако - а тоа е случајот со Рома која в четврток игра во Лига Европа против Милан - „еден или двата тима се веќе вклучени во последователен натпревар во средината на неделата“. Доигрувањето во секој случај мора да се случи во рок од 15 дена од прекинот и „се продолжува само со минутите што се преостанати. Квантификацијата на минутите ја утврдува, со конечна одлука, директорот на натпреварот“.

реклама
Од која држава луѓето најмногу се иселуваат и како стои Македонија на тоа поле?

Од која држава луѓето најмногу се иселуваат и како стои Македонија на тоа поле?

Read more
За учесниците во Балканската лига по 800.000 евра

За учесниците во Балканската лига по 800.000 евра

Read more
landscape-1464368425-landscape-1464288548-wine-theme-park-leadjpg.jpg

La Cité du Vin: Тематски парк за љубителите на вино

Read more
Огромно откритие на повидок: NASA пронајде органска материја на Марс

Огромно откритие на повидок: NASA пронајде органска материја на Марс

Read more

Фудбал

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Read more

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Read more

Премиер лигата експресно го казни Слот

Read more

ТСЦ за 450.000 евра го купи Андреј Тодороски

Read more
 

Спорт

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе

Премиер лигата експресно го казни Слот

Читај повеќе

ТСЦ за 450.000 евра го купи Андреј Тодороски

Читај повеќе