Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо минатиот март ја блокираше реномираната страница Transfermarkt на Instagram, специјализирана за трансфери и вредности на играчите, а сега пристигна и објаснувањето на популарниот портал за тоа што се случило.

Откако ги собраа единаесетте играчи со највисока пазарна вредност кои ги претставува агентот Жорже Мендеш, профилот на Transfermarkt додаде порака која гласи:
„Не можеме да го тагнеме Кристијано затоа што нѐ блокираше откако ја виде неговата пазарна вредност.
Сега, одговорните за веб-страницата, во изјава за The Athletic го објаснија „конфликтот“ со Португалецот.
„После тоа, составивме листа од 10 играчи, на возраст од 33 години и повеќе, и тој беше на првото место, но ни рече дека треба да вреди многу повеќе. Прво испрати порака до нашите колеги на социјалните мрежи“, вели Кристиан Шварц.

„Тие му одговорија, му објаснија зошто ја има таа вредност и му рекоа: 'Од луѓето во твојата возрасна група, ти си убедливо број еден'“, додава.
Сепак, одговорот не го задоволи Кристијано, кој како одговор испратил неколку смајлиња и ги блокирал.
„Имаше разлика од 30 или 50 милиони помеѓу него и следниот на списокот, но тој ни испрати неколку смајлиња и нѐ блокираше“, објасни Шварц.
Роналдо, тогаш во Јувентус, всушност беше вториот најскап играч во тимот вреден 75 милиони евра, зад Бернарду Силва од Манчестер Сити со 100 милиони евра.
Нешто повеќе од една година подоцна, Роналдо го напушти клубот од Торино и се врати во Манчестер Јунајтед, а неговата пазарна вредност сега е „само“ 35 милиони евра.