Отпад од земји ширум светот пронајден на оддалечен британски остров

Илјадници парчиња пластичен отпад од многу делови на светот стигнале на оддалечен британски остров во јужниот дел на Атлантикот, тврдат активисти.

Ѓубрето исфрлено на југозападниот брег на островот Вознесение доаѓа од голем број земји, вклучувајќи ги Кина, Јапонија и Јужна Кореја.

Зоолошкото друштво од Лондон (ЗСЛ), односно неговиот тим, пет недели го проценувал загадувањето со пластика на споменатиот остров, при што било утврдено дека повеќе од 900 морски видови се загрозени.

Островот Вознесение е богат со животински видови како копнени ракови и разни видови морски птици, желки, риби и ајкули. Оддалечениот остров беше предмет на многу планови насочени кон зачувување на неговата природна биолошка разновидност, иницирани од владата и независните групи.

„Премногу пластика се користи на лош начин. Беше потресно да се види состојбата на островот“, изјави научничката Фиона Левелин за BBC.

Таа додаде дека големите брендови и влади мора да сносат одговорност за нередот. Тимот истражувачи пронашол повеќе од 1.000 парчиња пластичен отпад на само едно место на плажата, а вкупно повеќе од 7.000 парчиња за време на нивната експедиција.

Околу 800 жители на островот се загрижени за ситуацијата, бидејќи само мала количина пластика исфрлена на брегот од морето всушност потекнува од островот.

„Лесно се гледа дека најголемиот дел од отпадот доаѓа од други локации“, истакна Левелин.

Животните често јадат пластика или се заплеткуваат во неа, што може да им нанесе штета. Постои зголемена загриженост за микропластиката и како тие се движат нагоре во синџирот на исхрана.

Видови пластика кои вообичаено се наоѓаат на бреговите на островите вклучуваат пластични шишиња, тврди пластични делови, опрема за риболов и догорчиња од цигари.

Поголемиот дел од ѓубрето завршува на плажите илки на нерамните карпи до кои е тешко и опасно да се дојде.

„Беше предизвик да се движиме по карпите и да дојдеме до брегот и пластиката што беше таму“, додава таа.

Во текот на следните три години ЗСЛ ќе работи со Тимот за заштита на островот Вознесение, Националниот фонд и управата на Света Елена, Универзитетот Ексетер и Универзитетот Нелсон Мандела во Јужна Африка за заедничка борба против загадувањето со пластика.

Проектот се состои од следење на струите и движењето на водата, идентификација на пластичните шишиња и проценка на нивниот рок на траење и датумот на производство со цел да се утврди каде завршиле во водата, односно од каде пристигнале.

Островот Вознесение, што е превод од англисот Асенсион (Ascension), е изолиран вулкански остров јужно од Екваторот во Атлантскиот Океан, на речиси половина пат од Бразил до делот од Африка каде се Ангола, ДР Конго, Конго и Габон. Има површина од 88 квадратни килкометри каде живеат околу 800 жители.

Заедно со Островите Света Елена и Тристан да Куња формират посебна британска прекуморска територија.

Локација на островот Вознесение
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе