Отворена истрага - кој ги шпионирал новинарите со хакерски софтвер?

Обвинителството во Париз денеска отвори истрага за шпионирање на француски новинари со помош на специјализиран хакерски софтвер Pegasus на сметка на Мароко, што земјата го демантира.

Истрагата е отворена поради повеќе кривични дела, вклучително и повреда на приватноста, следење на преписка и неовластен пристап до компјутерскиот систем, како и злосторничко здружување.

Жалбата е поднесена од медиумската група Mediapart затоа што двајца нејзини новинари биле цел на шпионажа. Слична жалба поднесе и весникот Le Canard Enchaine.

Истрагата опфаќа и други прекршувања, како што се внесување и откривање на податоци.

Неколку медиуми, вклучувајќи ги Le Monde, The Guardian, The Washington Post, во неделата открија дека мароканската тајна служба ги шпионирала основачот на Mediapart Евди Пленел и новинарката Лене Брејду.

Le Canard Enchaine објави дека мета на шпионажа бил поранешниот новинар на овој сатиричен весник, Доминик Симоно.

Според истрагата на конзорциум од 17 светски медиуми, софтверот Pegasus, развиен од израелската компанија NSO Group, овозможил шпионирање на телефонските броеви на 180 новинари, 600 политичари, 85 активисти за човекови права и 65 шефови на компании од различни земји.

Шпионскиот софтвер Pegasus откако ќе влезе во смартфонот, на нарачателот му овозможува да презема пораки, фотографии и контакти, како и да слуша телефонски разговори.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе