Авто новости

Ова е новиот VW Passat

7. февруари 2019 - 11:16 | Д.Л.

Помалку од еден месец не дели од официјалната премиера на новиот Passat во Женева, но веќе можеме да видиме што треба да очекуваме.

Судејќи од фотографиите, новиот Passat носи благи естетски новитети, а визуелните промени не биле на врвот на приоритетите. Промените се сведени на деталите како браниците и нови LED светла. Тука е и новата палета на алуминиумски фелни до 19 инчи. Сосема доволно да се задоволат апетитите на постојните приврзаници на марката.

Но, освен благите естетски промени, ќе донесе и најнапредни технологии кои во моментов се достапни во автомобилскиот свет, вклучувајќи систем за автономно возење и хибриден погон.

Понудата на бензинци стартува со 1.5 TSI моторот со 150 КС, а потоа следат 2.0 единиците со 190 и 272 КС. Кај дизелите, во поннудата ќе бидат 1.6 TDI со 120 КС и поможните 2.0 со 150 КС, 190 КС и 240 КС. Конечно, во понудата ќе има и хибрид со комбинација на електромотор и 1.4 TSI бензинец, со вкупна моќност од 218 КС, која нуди електричен досег од 55 км.

Коментирај