ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Ова е само почетокот: Капитенот на Сити потпиша за Барселона

Илкај Ѓундоан (32), капитен и легенда на Манчестер Сити, по седум години го напушти клубот со кој освои пет титули во Англија, два ФА купа, четири Лига купови и Лигата на шампионите, и за кој одигра 304 натпревари, постигна 60 и асистираше за 40.

Ѓундоан го направи овој потег откако беше одличен во крајот на сезоната во која Сити ја освои тројната круна.

Пеп многу сакаше да го задржи, но тој ја одбра Барселона

За ова придонесе со 51 настап, 11 голови и 7 асистенции. Во Сити дојде во 2016 година од Борусија Дортмунд за обештетување од 27 милиони евра, а заминува како слободен играч кога ќе му истече договорот. Ѓундоан е миленик на Гвардиола и менаџерот многу сакаше да го задржи. Но, и покрај тоа, капитенот на Сити ја избра Барселона.

As пишува: „Сити му понуди повеќе од Барса, за која потпиша на две години со опција за трета за 10 милиони евра бруто годишно и со откупна клаузула од половина милијарда евра“.

Фабрицио Романо, најсигурниот извор од трансфер-пазарот на фудбалери, синоќа со информациите за Ѓундоан и Барселона напиша „Тргна работата!“, а сите знаеме што значи кога Романо ќе потврди – значи дека работата е и завршена.

„Конечното одобрение за регистрација на Ѓундоан дојде во Барселона. Ла Лига го дозволи тоа, на што Ѓундоан даде зелено светло. Работата е завршена, Ѓундоан потпиша пред неколку минути“. Романо исто така наведува дека легендата на Сити потпишала за Барса до јуни 2025 година со опција за продолжување на уште една година.

На Чави му се исполни најголемата желба

Ова е голема победа за Барселона на пазарот и пред формалниот почеток на преодниот рок. Со доведувањето на Ѓундоан од европскиот шампион, кој сакаше да го задржи и му понуди речиси двојно поголема плата, таа му ја исполни најголемата желба на својот тренер. Marca пишува дека Чави од февруари речиси секој ден му се јавува на Ѓундоан и го повикува да дојде.

Сега му успеа, а мадридските и каталонските медиуми истакнуваат дека целиот клуб го слави овој трансфер бидејќи Ѓундогн е тип на играч кој на Барселона многу ѝ недостасува. Играч од средниот ред кој постигнува дузина гола по сезона од втор план.

„Барселона интерно го нарекува играчот за освојување на Лигата на шампионите“, пишува Marca. Шампионот на Шпанија имаше огромна конкуренција во борбата за Ѓундоан.

Барселона мораше да надмине многу големи пречки за да донесе вакво засилување

Покрај Сити, со кој Барселона не може финансиски да се справи, Ѓундоан имаше одлични понуди и од Арсенал и Борусија Дортмунд. Следната голема пречка на Барселона за негово доведување беа ограничувањата за регистрација на играчи наметнати од Ла Лига поради катастрофалната финансиска состојба. Сепак, пред две недели на Барселона ѝ беше одобрен план за следната сезона врз основа на финансиски одржливи операции.

Ѓундоан потоа потпиша во Минхен, каде директорот на Барса, Матеу Алемани, отиде да го земе германскиот Турчин. Откако се врати во Барселона со потписот на Ѓундоан, тој им соопшти на печатот и навивачите: „Ова е само почетокот!“

Ѓундоан е третиот играч кој Барселона го доведе за следната сезона. Стоперот Ињиго Мартинес (32) исто така без отштета доаѓа од Атлетик, додека младиот напаѓач Витор Роке (18) пристигнува во јануари следната година од Атлечику Паранаенсе со обештетување меѓу 30 и 40 милиони евра.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе